4.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Макрон води 5% пред Ле Пен по првиот круг

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон и Марин Ле Пен од политичката десница ќе влезат во вториот круг од претседателските избори во Франција, покажаа првите проценки на изборните резултати.

Макрон, според проценките, добил околу 29% од гласовите, Ле Пен околу 24 отсто, а левичарот Жан-Лук Меланшон околу 20 отсто.

Околу 48,7 милиони регистрирани гласачи можеа да гласаат од 8 до 19 или 20 часот, кога гласачките места беа затворени во поголемите градови. Поради временската разлика во некои француски прекуморски територии, како што е Карибите, гласањето се одржа уште во саботата.

„Народот на Франција избра и ми ја даде честа да се квалификувам во вториот круг“, изјави Марин Ле Пен по објавувањето на проекциите за резултатите од првиот круг на претседателските избори.

Макрон се надева на втор мандат, а негов најголем противник на анкетите пред изборите беше Марин Ле Пен. Левичарскиот популист Жан-Лук Меланшон, исто така, се надева дека ќе влезе во вториот круг од изборите на 24 април.

Во првиот круг учествуваа вкупно 12 кандидати.

До 17 часот излезноста беше 65 отсто, што е за 4,4 процентни поени помала од 2017 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести