Иако венчавката беше забранета за медиумите, а гостите не можеа да внесат мобилни телефони со камера на имотот на Пелцови, сепак се појавија фотографии од свадбата на Бруклин. Сите гости беа битни и важни, но кога Викторија и Дејвид пристигнаа на свадбата, се запре.
Родителите од Бруклин Бекам беа најубавиот пар. Држејќи се за раце полека тргнаа кон шаторот за венчавката.
Викторија била облечена во сребрен фустан со прерамки со тантела уште еднаш покажа дека стилот е нејзината силна страна. Косата ја кренала во пунџа и оставила неколку прамени безгрижно да и паднат околу лицето. Накитот, како и обично, минимален. Пар ѓерданчиња околу вратот беа доволни за Викторија да изгледа заносно.
Нејзиниот сопруг Дејвид, пак, се појавил во елегантен смокинг.
Бруклин и Никола се венчаа на церемонија на имотот на невестата, уживајќи во долг бакнеж во траење од шест секунди пред познатите гости меѓу кои Ева Лонгорија, Мел Си и тениската легенда Серена Вилијамс.
