Германскиот канцелар Олаф Шолц ја одложи конечната одлука дали да ги испорача тенковите што и се потребни на Украина за да се бори против руската армија, објави Политико.
Станува збор за испорака на околу 100 тенкови, на што инсистираат вицеканцеларот и министер за економија Роберт Хабек и министерката за надворешни работи Аналена Бербок, откако западните сојузници заклучија дека војната во Украина може да трае со месеци, а можеби и со години.
Се очекуваше дека одлуката за испорака на тенкови во Украина ќе биде донесена оваа недела, но сега е неизвесно бидејќи Шолц смета дека пред тоа мора да се заземе заеднички став со западните сојузници.
“Размислуваме за сè што е разумно, но координацијата со Европската унија и партнерите во НАТО е важна за да се осигураме дека никој не бега – вклучително и Германија“, рече Шолц во Бундестагот, додавајќи дека би било голема грешка Германија да преземе посебна улога, да зазема посебен пат.
Министрите за надворешни работи на НАТО во средата разговараа за воена помош за Украина и во ниту еден момент немаше разговори за испорака на тенкови.
На почетокот на војната во Украина, Германија ја отфрли можноста за испорака на комплексна воена опрема во Киев, вклучително и тенкови, објаснувајќи дека украинските војници ќе мора да тренираат на нив со месеци.
