-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Приведено лице од тетовско поради сомнение за учество во странска војска, одредена му е мерка притвор

На 06.04.2022 околу 11.00 часот во с.Неготино, полошко, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот З.С. од ова село, на барање на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција, поради сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, казниво по член 322-а став 3 од Кривичниот законик. Тој бил приведен во полициска станица и изведен пред Судија на претходна постапка, при што му е определена мерка притвор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести