Во тек е претрес на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, поради дојава за бомба, потврди МВР на Србија за српските медиуми.
Како што се дознава, било соопштено дека бомбата овојпат била поставена на аеродромот, а не во еден од авионите.
Ова е еден во низата инциденти поврзани со белградскиот аеродром, кои започнаа со почетокот на војната во Украина.
