Моментално е една од најпознатите изведувачи од овие простори токму поради тоа што е сосема нетипична!
Вистинското име на оваа рнб, хип хоп и треп пејачка е Сенида Хајдарпашиќ. Родена е во Љубљана на 9 април 1985 година. И иако пораснала во Словенија, нејзините родители се со црногорско потекло.
Потомок на познат паша
Семејството Хајдарпашиќ потекнува од Бихор од околината на Бијело Поље. Има дури и приказна дека нејзиниот предок е познатиот Хајдар-паша Селим, кој со султанскиот берат во 1689 година дошол во Бихор со двесте коњаници и 1.600 пешаци. Тој е роден во Ајвалук, Анадолија и имал задача да ги задушува честите српски востанија во тој дел од земјата. Неговите потомци се многубројни и ги има низ цела Црна Гора, Србија, Босна, а многу од нив се преселиле во Турција.
Почеток на музичката кариера
Со музика започнала да се бави пред 12 години, а нејзиниот прв сингл се вика „Пустина“. Набрзо станала член на групата MUFF со која продолжува да работи. Заедно работеле на песната „Нај сије в очех“, која тогаш е прогласена за хит на годината во Словенија.
Сенида почна да се пробива на музичката сцена низ регионот во 2018 година, а првата песна на српски јазик и голем хит беше „Слаѓана“, а потоа следуваше и синглот „Бело“. Истата година сними дует со раперот Цоби „4 стране света“, за потребите на филмот „Јужен ветер“.
Сенида на почетокот пеела само кога била сама дома. Сепак, нејзината сестра ја „открила“ и објавила една нејзина песна на „Јутјуб“. Иако се бунела, Сенида била свесна дека има талент и потенцијал, па се согласила на тоа сестра и да ја пријави на еден музички натпревар. Победила и добила понуда да потпише договор со словенечка издавачка куќа.
На почетокот на 2019 година ја освои музичката награда MAC (Music Awards Ceremony), бидејќи песната на Сенида „Слаѓана“, според гласовите на публиката беше најдобрата хип хоп/рап песна во претходната година!Кон крајот на март 2019 година го издаде првиот сингл за странскиот пазар „Ride“, а набргу потоа и албумот „Без тебе“.
Со еден од најпопуларните пејачи од нашите простори, Дино Мерлин, го сними дуетот „Дојди“ од 2021 година, кој многу брзо го најде патот до срцата на публиката.
Веќе не ни може да се замисли свирка без, барем една, песна на Сенида, а некои од нејзините најголеми хитови досега се: „Мишиќи“, „Камиказе“, „Реплеј“, „Бехуте“.
Надимак „Сенидах“Оваа словенечка пејачка еднаш откри дека тоа е, всушност, тивко „х“ како кај странските имиња, иако кај нас не се изговара така. „Може да биде Сенидахх или севдах“, рекла Сенида со воздишка.
