3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Приведен дилер, кај него пронајдени половина килограм марихуана

Денеска (04.04.2022) во с.Кадино, општина Илинден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(51) од с,Кадино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана и дробилка.

Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, до надлежното основно јавно обвинителство, ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести