2.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Ограбен домот на Бекам

Се верува дека кражбата на куќата на двојката во Кенсингтон се случила доцна во вечерните часови на 28 февруари додека Бекамови биле во неа со нивната 10-годишна ќерка.

Според Сан, кражбата не била откриена додека синот Круз Бекам (17) не се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбена спална соба. Портпаролот на лондонската полиција потврдил за медиумите дека околу полноќ на 1 март, полициски службеници одговориле на извештаите за кражба во куќа во областа W11 во Кенсингтон.

Тој додаде дека се пријавени неколку украдени предмети. Се уште нема уапсени, а истрагата е во тек. Според Sun, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести