12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Вулин: Се подготвува саботажа на изборите во Србија

Вулин, коалициониот партнер на Вучиќ, кој е склон на слични драматични изјави, како онаа на почетокот на годината кога тврдеше дека се подготвува атентат на Вучиќ, рече дека наводните групи ги мотивирале и организирале одредени политички партии во земјата и странски актери со цел компромитирање и спречување на изборите на 3 април.

Но, вели Вулин, МВР и БИА нема да дозволат така да помине изборниот ден.

„МВР има информации дека ќе се организираат неколку групи кои ќе се обидат да ги компромитираат изборите, да ги кршат кутиите и документите, тие ќе бидат подготвени и организирани и веќе има списоци на криминалци кои треба да влезат во нашата држава и да помогнат да се спречат изборите. Ќе ве предупредиме да знаете каков е планот и организацијата и да знаете кој ќе им помогне“, рече Вулин.

„Свесни сме што се подготвува и не се сомневаме дека сме подготвени да ја заштитиме изборната волја на граѓаните на Србија“, додаде Вулин.

Министерот во Палатата Србија соопшти дека против Бојан Богдановиќ, наречен Пацов, е поднесена кривична пријава за непријавување кривично дело.

Во изјава за печатот, Вулин рече дека со години се води медиумска војна против Србија, со лаги, подметнувања, криминализација на државата, „особено подметнувања, лаги против претседателот Александар Вучиќ и сите луѓе блиски до него“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести