„Бројот на пристигнувања се намалува“, рече Јохансон за Украинците кои пристигнуваат во ЕУ. „На врвот, имавме 200.000 пристигнувања дневно, сега тоа е намалено на 40.000 дневно“, рече таа.
Јохансон, која зборуваше по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел, додаде дека 800.000 од 3,8 милиони пристигнати веќе поднеле барање за привремен азил во ЕУ.
Официјалниот претставник, исто така, објави дека министрите за внатрешни работи на ЕУ договориле платформа ширум ЕУ за регистрација на бегалците кои пристигнуваат и аплицираат за привремена заштита во блокот, со координација на „ниво на ЕУ“ за транспортните центри и информациите.
Еврокомесарката истакна дека заедничките упатства за прием и поддршка на децата, вклучително и малолетниците без придружба, како и планот за борба против трговијата со луѓе биле одобрени од министрите на ЕУ.
Недостигот на единствен пристап за управување со приливот на бегалци за време и од миграциската криза во 2015 година е точка на расправа во блокот.
Предупредувајќи за потребата од натамошно планирање за вонредни ситуации за бегалците, таа рече, „мора да бидеме подготвени за уште многу милиони што можеби ќе треба да побегнат од Украина“.
„Не знаеме што ќе се случи утре“, додаде комесарката.
