Почитувани, ви ја претставувам официјалната студиска верзија на песната ЗА СИТЕ КОИ ГИ НЕМА, две години по карантинската соло премиера.Ова е песна за сите на кои се сеќаваме и за кои имаме убави спомени.За сите кои ни’ недостасуваат секој ден. За сите кои ги сакаме и паметиме. За сите кои ни’ значеле и сеуште ни значат. За сите драги кои повеќе не се меѓу нас а пак се некако…тука.Ова е песна за сите со кои се среќаваме само на сон.
