5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Кирил Петков ќе биде домаќин на состанок на шефови на влади на членките на НАТО во Југоисточна Европа

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе биде домаќин на состанок на шефови на влади на членките на НАТО во Југоисточна Европа, соопшти владината служба за информирање.

Форумот ќе се одржи во софиската резиденција Бојана на 28 март.

На состанокот ќе учествуваат премиерите на Романија Николае Чиука, на С.Македонија Димитар Ковачевски и на Црна Гора Здравко Кривокапиќ. Дискусијата ќе се фокусира на ефектите од војната во Украина врз регионот.

Владините лидери ќе разменат мислења за импликациите во областа на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, среден и долгорочен план.

Во овој контекст, акцентот ќе биде на зајакнувањето на координацијата и соработката во Југоисточна Европа со цел да се надминат заедничките предизвици.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести