Ерупцијата на вулканот Тал, кој се наоѓа во среде езерото Тал јужно од Манила, започна во 7.22 часот по локално време, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.
Институтот предупреди дека се можни дополнителни ерупции и дека вулканот освен пепел и пареа може да испушта опасен гас, а можно е и цунами.
Се препорачува евакуација на населението во близина на езерото, каде има пет села во кои живеат околу 12.000 жители.
Вулканот Тал е еден од најактивните вулкани на Филипините, а се наоѓа на островот Лузон. Пристапот до вулканот во средината на езерото Тал е забранет од јануари 2020 година бидејќи исфрли лава врз десетици куќи. Во ерупцијата загина добиток, а тогаш беа раселени неколку илјади луѓе.
