Пејачката Емина Јаховиќ (40) е позната по виткиот изглед, а за да ја одржи тежината и да го исчисти телото посегнала по методи кои многумина ги дочекале со кренати веѓи. Имено, Емина Јаховиќ предизвикала чудење кај многумина поради одлуката да не јаде.
– Гладувам еднаш месечно. Тоа го правам некое време. Не јадам точно 48 часа, открила Емина.
Пејачката на социјалните мрежи објави како ги одбројува часовите до следниот оброк.

– Точно 20 часа без храна. Одиме! – напишала Јаховиќ на Инстаграм, а потоа додала и дека планира да продолжи во ист ритам уште 28 часа.
Овие диети кои се засноваат на два дена не внесување храна во организмот, не се од вчера, а служат за чистење на организмот од токсини. Сепак, според нутриционистите, овој вид на гладување не е добар, бидејќи го успорува метаболизмот и се постигнува само контра-ефект.
