1.8 C
Skopje
петок, јануари 27, 2023

Шри Ланка е првата земја во која снемува гориво

Денес, Шри Ланка му нареди на военото раководство да распореди војници на бензинските пумпи низ целата земја за да помогнат во дистрибуцијата на горивото, бидејќи поради наглиот пораст на цената на клучните суровиви, десетици илјади луѓе направија километарски колони и со часови чекаа во ред да наполнат гориво.

Oстровската држава во Индискиот Океан се бори со девизната криза која доведе до девалвација на националната валута, загрозувајќи ја нејзината способност за плаќање на основните увозни производи како храна, лекови и гориво, поради што владата во Коломбо се сврте кон Меѓународниот монетарен фонд, пренесува Ројтерс.

Одлуката за распоредување на војската во близина на бензински пумпи и пунктови за снабдување со керозин беше донесена откако тројца постари лица загинаа додека чекаа во долги редици на бензинските пумпи, соопштија официјални лица.

Овој потег е одговор на поплаките за складирање залихи и неефикасна дистрибуција, рече владиниот портпарол Рамеш Патирана.

Тензиите поради недостигот на гориво доведоа до спорадично насилство меѓу луѓето кои се обидуваат да купат гориво и други основни потреби.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img