„Засега нема договор, но претседателот Макрон останува убеден во потребата да продолжи со неговите напори“, се вели во соопштението.
„Нема друг излез освен прекин на огнот и преговори со добра волја меѓу Русија и Украина“, се додава.
Телефонскиот разговор меѓу Макрон и рускиот претседател Владимир Путин траел еден час, соопшти Елисејската палата.
Од почетокот на војната на 24 февруари, Макрон ја одржува отворена линијата на комуникација и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Вклучувајќи ги и денешните повици, Макрон разговарал со Путин осум пати и со Зеленски 17 пати од почетокот на руската инвазија минатиот месец.
