3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ЕВЕ КАКО МОЖЕ ДА ЗАВРШИ ВОЈНАТА

Помина речиси еден месец од почетокот на руската инвазија во Украина на која се уште не и се гледа крајот. Двете страни велат дека се подготвени за мировни преговори. Но тоа може да значи и интензивирање на борбите на краток рок, бидејќи Русија сака да ја зајакне својата преговарачка позиција.

Марк Галеоти, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон, вели дека бомбардирањето на градовите е обид да се изврши притисок врз Украинците во преговорите.

Професорот Галеоти презентира три можни верзии за крајот на војната.

Првата опција е мировен договор

Идеалниот крај на војната би бил договор. Украина веројатно би се откажала од своите амбиции да влезе во НАТО и би ја прифатила окупацијата на Крим и Донбас во замена за повлекување на руските војници и западните безбедносни гаранции. И Москва конечно ќе мора да прифати дека поголемиот дел од Украина повеќе не е дел од нејзината сфера на влијание.

Тоа би било пораз за Путин, но тој би можел да го прифати. Тој ќе ја исполни својата цел за „демилитаризација“ на Украина и ќе добие гаранции за заштита на руските говорители од „геноцид“.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е доволно популарен за да може да протурка таква опција. За возврат, Украина би добила барем кандидатура за членство во ЕУ и сериозни безбедносни гаранции кои би биле алтернатива за членството во ЕУ.

За Западот ваквата варијанта е поевтина и побезбедна од континуираниот конфликт со Русија и грижата за милиони бегалци.

Но, тоа би значело и отворање на Пандорината кутија за промена на границите по Втората светска војна, што не би било остварливо без нова војна.

Втората варијанта е две Украини.

Најмногу што можат да постигнат Русите на воен план е освојувањето на источната половина на Украина. Земјата може да се подели по реката Днепар, со скратена Украина на запад и источниот дел под руска окупација.

За очекување е дека Украинците под руска окупација ќе ја продолжат герилската борба, со помош на Западот. Тоа ќе значи продолжување на нападите врз воени цели во западна Украина, но и можни операции како онаа во 2014 година, кога руската разузнавачка служба организираше диверзија во складиштето за оружје во Врбјетице во Чешка за да спречи договор за вооружување на Украина.

Во тој случај и Западот би морал да се подготви за жестоки хакерски напади од Русија, предвидува британскиот професор.

Третата варијанта е долга војна

Можно е војната да продолжи со недели и месеци. Мариупол ќе падне, но повеќето други големи градови успешно се бранат, делумно поради тоа што Русија не е во состојба да го одржи сегашното оперативно темпо.

Сепак, украинските сили не се во можност да извршат никаков континуиран контранапад. Линијата на фронтот се движат напред-назад секој ден, но ниту една од нив нема дефинитивна предност.

Украинските сили се исцрпени, но и Русија, со санкциите кои ја задушуваат економијата, а популарноста на Путин опаѓа, тој може да почувствува потреба да направи нешто драстично: како употреба на воени отрови или посериозни злосторства на теренот.

Во исто време, Западот ќе ја почувствува цената на санкциите и неизбежните политички тензии, додека едни ќе се залагаат за посилна воена поддршка за Украина, а други за барање отстапки за да се постигне мир.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести