spot_img
5.8 C
Skopje
сабота, септември 24, 2022
spot_img

Франција блокира лични сметки и имот вреден 850 милиони евра од руските олигарси

„Блокиравме лични сметки на физички лица во вредност од 150 милиони евра, како и кредитни линии во Франција и француските институции“, изјави министерот.

„Дополнително, замрзнавме недвижен имот во вредност од 539 милиони евра на француска територија, што е еквивалент на триесет недвижнини или станови, а блокиравме и две јахти од 150 милиони евра“, прецизира министерот. Севкупно се работи за вредност од околу 850 милиони евра имот на руски олигарси што е блокиран на француска територија“, посочи Ле Мер.

Во пракса, блокадата на стоки и работи значи дека нивните сопственици повеќе не можат да ги „користат, препродаваат или да ги изнајмат“. Од друга страна, тие не се одземаат за државата да стане нивен сопственик и потоа да ги препродава.

„Санкциите и штетата е за Русија, на руската држава и на рускиот претседател Владимир Путин“, рече Ле Мер, додавајќи дека досега се блокирани околу 22 милијарди евра активни средства на Централната банка на Русија. Од почетокот на руската офанзива против Украина на 24 февруари, западните земји усвоија неколку групи економски санкции, на што Русија одговори со контрасанкции.

Руската централна банка соопшти дека е „исклучително тешко“ да се направат макроекономски прогнози поради санкциите. На крајот на февруари таа повеќе од двојно ја зголеми основната каматна стапка, која се искачи на 20 отсто од претходните 9,5 отсто.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести