Претходно беше објавено дека Украина тврдела дека го убиле. Тешките борби продолжуваат во Мариупол, пристанишен град погоден од руско гранатирање.
Смртта на Пали првично била потврдена од секретарот на поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко, на социјалната мрежа Вконтакте (ВК).
Подоцна, руски сенатор од Севастопол – базата на Црноморската флота во руско анектираниот Крим – рече во пост на ВК дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Пали загина во битките за ослободување на Мариупол од нацистите “. Претседателот Владимир Путин зборува за руската кампања да ја ослободи Украина од „нацистите“.
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, во објава на Телеграм рече дека „Андреј Николаевич избра да ја брани татковината како животно дело и умре за нашата мирна иднина“.
Украински извори објавија за смртта на пет руски генерали во борбите што избувнаа со руската инвазија на 24 февруари. Русија официјално потврди само една од овие жртви – генералот Андреј Суховецки, објави Би-Би-Си.
