Денеска (20.03.2022) во 10.30 часот во с.Волково, скопско од полициски службеници од Оперативен тим Потраги од СВР Скопје е лишен од слобода Љ.П.(43) од Скопје, кој се барал по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје, а бил осуден на 10 месеци казна затвор во врска со кривично дело казниво по чл.144 од Кривичен Законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
