6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Бугарија нема да го продолжи договорот со Газпром, ќе бара алтернативни пазари

Бугарија ќе бара алтернативни пазари, изјави денеска вицепремиерот Асен Василев.

Оваа земја од Европската унија ги задоволува речиси сите потреби за гас со руски гас според 10-годишниот договор со Газпром, кој истекува на крајот на 2022 година.

„Во оваа ситуација не може да има разговори со Гаспром… Има алтернативи“, изјави Василев за јавното радио БНР. „Ова не е само Бугарија, ова е заедничка европска стратегија.

Василев рече дека Софија ќе бара увоз на течен природен гас (ЛНГ) од терминалите во соседните Турција и Грција и ќе го зголеми количеството на азербејџански гас што може да го прими.

Бугарија, каде што годишната потрошувачка на гас е околу 3 милијарди кубни метри, склучи договор за добивање 1 милијарда кубни метри азербејџански гас, но може целосно да го искористи договорот само откако новиот гасовод со Грција ќе стане оперативен подоцна оваа година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести