6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатава недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатава недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно. Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата Водно се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од несовесни посетители.

Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ собраа четири полни камиони со отпадоци и тоа кај набљудувачницата пред Средно Водно, кривината кон патот за Сончев Град и на малиот паркинг.

Апелираме до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да го одржуваме Водно чисто.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести