8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Кина е покосена од Корона вирусот

Веднаш штом ќе се појави случај на ковид, властите воведуваат строги мерки за ограничување на движењето и започнува масовно и повторено следење на контактите меѓу населението. Цврстата политика „нулта толеранција“ придонесе Кина да го намали бројот на смртни случаи под 5.000 од почетокот на пандемијата.

Но, верзијата на вирусот омикрон е одговорна за повторното ширење на епидемијата, така што деенска за 24 часа се пријавени 2.432 нови инфекции, според податоците на Министерството за здравство, што е голем број за Кина.

„Мораме секогаш да ги ставаме луѓето и нивните животи на прво место, да се држиме до политиката на нулта толеранција кон Ковид и да го запреме ширењето на епидемијата што е можно поскоро“, нареди денеска претседателот Си Џинпинг, објави државната телевизија. Таа изјава доаѓа во време кога десетици милиони Кинези се во карантин низ целата земја.

Во рок од неколку дена, карантин е воведен во најмалку 17 градови, вклучувајќи ја и технолошката метропола Шенжен на југот, која има 17,5 милиони жители. Бројките објавени денеска се зголемуваат на сметка на провинцијата Џилин, на границата со Северна Кореја, земја за која нејзините власти велат дека коронавирусот ја заобиколува.

Во Шангај, најголемиот град во Кина, деенска имало само 165 нови инфекции, но властите воведоа карантин во многу населби.

Строгите мерки го отежнуваат секојдневието и вршат притисок врз економијата. Водечкиот кинески научник претходно овој месец рече дека земјата мора да научи да живее со вирусот и „во блиска иднина“ да се откаже од својата таканаречена стратегија за нулта толеранција на Ковид.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести