-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Продолжува намалувањето на активните ковид случаи

Се очекува Кризниот штаб и Владата да се изјаснат за ковид-мерки што ги предложи завчера Комисијата за заразни болести – учениците од основните училишта да бидат ослободени од носењето маски, капацитетот на исполнетост на затворени објекти – опери, театри, кина да се зголеми од 50 на 75 проценти и да се укинат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти.

Обврската за носење маска во училиштата, според предлогот, останува на наставниците, професорите и техничкиот персонал.

Продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државава чиј број, како што информираа вчера од Министерството за здравство, изнесува 1.955, од кои најголем број – 1.066 се во Скопје. Македонски Брод и Дојран се без ниту еден активен случај.

Според податоците на Министерството за здравство, во земјава вчера се евидентирани нови 324 случаи на КОВИД-19, од направени 2.290 тестови. Пријавено е едно починато лице во изминатите 24 часа, а две лица во периодот од 4 и 5 март преку Регистарот на умрени лица од КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести