7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Столтенберг: Путин целосно ги потцени вооружените сили на Украина

„Претседателот Путин целосно ги потцени вооружените сили на Украина“, рече Столтенберг на прес-конференцијата по вонредниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.

Запрашан дали Русија може да ја добие војната, која ја започна пред три недели, Столтенберг рече дека е премногу рано да се зборува за тоа, истакнувајќи дека украинската армија пружила силен отпор, но дека Русија се уште е силна. „Рано е да се зборува за исходот од војната“, рече тој.

 Тој додаде дека Путин го потценил и НАТО. „Неговата цел беше да го подели НАТО и доби обединето НАТО. Сакаше помалку НАТО на неговите граници и доби повеќе НАТО“, рече Столтенберг.

Тој рече дека НАТО е подготвен да го зголеми своето воено присуство на источното крило, но дека нема да испрати војници во Украина. Полска вчера побара НАТО да испрати мировна мисија во Украина за да биде заштитена од вооружените сили.

„Ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од Украина, но немаме планови таму да испратиме војници на НАТО “, рече Столтенберг. Генералниот секретар додаде дека министрите за одбрана им наложиле на воените команданти да подготват планови за зајакнување на силите на источното крило на Алијансата.

 Тој ја предупреди Москва дека НАТО нема да дозволи никаков напад на нејзина територија и дека во тоа нема сомнежи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести