spot_img
13.8 C
Skopje
среда, март 16, 2022
spot_img

Имотот на руските граѓани во Хрватска е цел на локалните власти поради санкциите на ЕУ

Имотот на руските граѓани во Хрватска е цел на локалните власти поради санкциите на ЕУ.

Имено, хрватските власти досега, како што неофицијално дознава Јутарњи лист, блокирале три брода поврзани со правни или физички лица кои се најдоа на списокот санкционирани од ЕУ поради руската инвазија во Украина.

Станува збор за бродови кои се во Риека, Бетина и Скрадин, но, наводно, уште три брода се поврзани со руски физички и правни лица, за чија блокада наводно се размислува, пишува весникот.

Заедно со блокадата на компанијата Термоелектрани Ѓуро Ѓаковиќ, ова се првите блокади во Хрватска кои почнаа да се спроведуваат врз основа на Регулативата на Советот на ЕУ бр. 269/2014 од 2014 година за рестриктивни мерки во однос на дејствија кои го поткопуваат или загрозуваат интегритетот, суверенитетот и независноста во овој случај на Украина. Засега не се знае кој е сопственик на блокираните бродови.

Наводно, блокирани биле и банкарските сметки на некои фирми, а се споменува дека покрај Ѓуро Ѓаковиќ ТЕП, има уште шест фирми кои се поврзани со санкционирани руски правни или физички лица. Голем број вработени има само Ѓуро Ѓаковиќ ТЕП, бидејќи во останатите шест фирми, неофицијално се тврди, вкупно има нешто повеќе од десетина работници.

Министерството за финансии на Хрватска, исто така неофицијално дознава Јутарњи, се обидува да најде модел како да го одвои бизнисот на компанијата Ѓуро Ѓаковиќ ТЕП од рускиот сопственик и да им овозможи да продолжат со работа.

Во пракса, пишува весникот, тоа значи да се земат предвид средствата што се или во сопственост на лицето на списокот (во случај на компанија, таа мора да поседува повеќе од 50 проценти), или има управувачки права во компанијата или удел на кој управува со таа компанија, а се земаат предвид средствата што ги поседува субјектот, како што е лизингот, што најчесто е случај со бродовите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести