Поголемиот дел од руските копнени сили моментално се наоѓаат на околу 25 километри од центарот на Киев, тврди британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на своите разузнавачки служби.
„Елементите на големиот руски конвој северно од Киев се прегрупирани. Ова веројатно ќе послужи како поддршка за обидот на Русија да ја намали својата ранливост на украинските контранапади“, изјавиле британските разузнавачи, според Гардијан.
Се додава дека градовите Харков, Чернихив, Суми и Мариупол се уште се опколени и се цел на жестоко руско гранатирање.
