6.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Путин со нова закана

Но, малку под радарот беше заканата што тој ја упати кон Западот за компаниите кои решија привремено да се повлечат од Русија поради инвазијата на Украина.

Путин на тој начин потврди дека Русија размислува за национализација на западните компании кои престанаа да работат во Русија, откако владејачката руска партија Единствена Русија вчера објави за јавноста информација дека се движи кон национализација на компаниите кои се повлекуваат од Русија.

Путин на состанокот со владата рече дека руската влада може да го преземе имотот на странските компании кои се повлекуваат од Русија.

„Што се однесува до оние кои ќе го прекинат бизнисот, мора да се однесуваме решително и во никој случај не смееме да дозволиме штета на локалните, руски добавувачи. Неопходно е да се воведе надворешна администрација како што предложи премиерот и потоа тие компании да им ги предадеме на оние кои сакаат „Имаме доволно правни и пазарни алатки за тоа“, рекол Путин, а пренесува руската агенција ТАСС.

„Ќе најдеме легален начин да го направиме тоа“, рече Путин, пренесува BBC.

Владејачката Единствена Русија вчера објави дека владиниот комитет го одобрил првиот чекор кон национализацијата на имотот на странските компании кои ја напуштиле земјата по воведувањето санкции поради инвазијата на Украина. Партијата соопштила дека комитетот го поддржал законот кој им дозволува на компаниите од 25 отсто или повеќе во сопственост на странци од „непријателските држави“ да добијат надворешен менаџмент.

„Ова ќе спречи стечај и ќе зачува работни места“, се вели во соопштението.

Единствена Русија тврди дека во предлог-законот се наведува дека компаниите кои најавиле заминување од Русија може да одбијат надворешно управување доколку продолжат со своите активности или ги продадат своите акции во рок од пет дена, под услов да се одржуваат деловните активности и да ги зачуваат вработените. Доколку не го сторат тоа, судот ќе назначи привремена управа на три месеци, откако акциите на новата организација ќе бидат ставени на аукција, а старата ќе биде ликвидирана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести