8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Во Германија рекорден број новозаразени со корона, 262.752 нови случаии

Поконкретно, провинциските канцеларии за јавно здравје пријавиле 262.752 случаи.

Така, седумдневната инциденца во Германија се искачи на 1388, а минатата недела изнесуваше 1174. Министерството за здравство минатата недела соопшти дека т.н. омикронскиот бран го премина својот зенит и се очекува пад на бројот на новозаразени. Нови, поблаги мерки за борба против пандемијата се во сила од почетокот на март.

Од 20 март, како што беше договорено во февруари на состанокот на федералните и федералните провинциски власти, треба да се укинат сите мерки освен носење маски во затворени простории. Некои експерти предупредуваат дека сегашното зголемување на бројот на новозаразени е шестиот пандемски бран предизвикан од новиот подвид на варијантата омикрон.

„Новата подваријанта БА2 е одговорна за брзото ширење на инфекцијата, во комбинација со олеснување на мерките и дозволеното собирање на поголем број луѓе во затворени простории“, изјави за агенцијата ДПА експертот по биоинформатика Ларс Кадерали. Епидемиологот Хајо Зееб од Германското имуно друштво тврди дека ова не е нов бран, туку дека петтиот бран сè уште не е целосно поминат.

Експертите сметаат дека покрај олеснувањето на мерките, виновна е и новата, позаразна подваријанта на вирусот за зголемувањето на бројот на новозаразени и раширеното чувство кај населението дека короната поминала. Треба да се додаде дека од почетокот на војната во Украина, пандемијата во медиумското покривање паднала во втор план.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести