9.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Во Словенија забележан е благ пораст на заразените со коронавирус

Со 1.415 PCR и 9.395 брзи антигенски тестови, откриени се 2.182 новозаразени, што е зголемување во однос на 1.858 од инфекции пред седум дена, потврди во Националниот институт за јавно здравје.

Според новите податоци, во земјава моментално има 24.732 активни инфекции, седумдневниот просек на потврдени нови случаи е 1.791 дневно, а 14-дневната инциденца на 100.000 жители е 1.173.

Во болниците моментално има 358 пациенти со Ковид-19. Такви пациенти кои се хоспитализирани само поради Ковид-19, а без други причини, има 263, од кои 76 се на одделенијата за интензивна нега.

Скоро 60 отсто од населението е вакцинирано со најмалку една доза вакцина против Ковид-19, а 58 отсто со две дози, додека околу 30 отсто примиле бустер доза.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести