6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Од почетокот на конфликтот во Украина, продажбата на оружје во Литванија е зголемена осум пати

Од почетокот на конфликтот во Украина, продажбата на оружје во Литванија е зголемена осум пати, додека бројот на барања за добивање дозвола за оружје е двојно зголемен.

Во стрелиштата се бележи и зголемување на бројот на корисници, а меѓу нив има такви кои сакаат да научат како да пукаат.

Продажбата е зголемена за сите категории оружје, но убедливо најголема побарувачка има за пиштоли што се користат во самоодбрана и полуавтоматско оружје што може да се користи и за воени цели. Некои продавници за оружје објавија дека само минатата недела продале повеќе оружје отколку во претходната година.

-Веќе имам дома пушки од мал калибар, но никогаш не сум ги користел. Сега ситуацијата е сосема поинаква, многу се плашам за моите деца – вели еден купувач за Еуро њуз.

Сопствениците на овие специјализирани продавници велат дека повеќето муштерии доаѓаат да набават друго оружје, но и дека главно секој точно знае што им треба.

– Дојдоа многу муштерии, купуваат полуавтоматски пушки. За жал, веќе ги немам, продадов се – вели сопственикот на една од дуќаните.

Тој вели дека добар дел од купувачите се одлучуваат да купат пушки, но тие не се погодни за војна.

– Ги купуваат од страв, за да се заштитат себе си, семејството, роднините ако нешто се случи – вели тој.

Повеќето продавници, исто така, објавија дека им снемала воена опрема, како што се опрема за ноќен надзор, панцири и маскирна облека.

Здружението на воената индустрија во Литванија објави дека повеќето од тие стоки биле купени за да бидат испорачани во Украина како воена помош финансирана од приватни извори.

Во продавниците пиштолите чинат околу 600 евра, а полуавтоматските пушки околу 2.000, додека половните на сајтовите се продаваат за половина повеќе пари.

Според важечкиот закон во Литванија, право на носење оружје имаат лица постари од 23 години, додека ловечки пушки може да се носат од 21 година со задолжително лекарско уверение. Според овој закон, нема ограничување колку оружје може да поседува едно лице.

На почетокот на 2022 година, околу 92.000 луѓе во Литванија имале дозвола за носење оружје.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести