Францускиот претседател Емануел Макрон упати обвинувања кон неговиот руски колега Владимир Путин, откако трет ден не беа реализирани хуманитарните коридори кои ќе овозможат евакуација на цивили од гранатираните области во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон го обвини рускиот претседател Владимир Путин за „политички и морален цинизам“ затоа што нуди хуманитарни коридори за заминување на украинските цивили во Русија.
Говорејќи на телевизијата LCI, Макрон зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.
Обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека предложил отворање на хуманитарен коридор за носење украински цивили во Русија поради „политички и морален потсмев“, Макрон рече дека предлогот е „неприфатлив“.
Повторувајќи дека Франција не е во војна со Русија, Макрон нагласи дека ќе продолжи да врши дипломатски притисок за запирање на војната.
Тој подвлече дека сакаат оваа војна да заврши без заземање страна.
Критики и од Киев
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук исто така го критикуваше рускиот предлог за евакуација на цивили од Киев, Мариупол и Харков. Според неа, тоа не е прифатлива опција бидејќи води кон Русија и Белорусија. Наместо тоа, таа предлага евакуација низ Лавов и западна Украина.
Ова е трет пат да не успее формирањето на хуманитарни коридори, за што Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно.
Украинските власти соопштија дека руските војници не го прекинале огнот за да им дозволат на цивилите да ги напуштат гранатираните области, додека официјална Москва вели дека Киев не ги исполнува претходно договорените услови.
Гневот на меѓународната заедница
Нападот на Русија врз Украина, кој започна на 24 февруари, го предизвика гневот на меѓународната заедница, а Европската унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД) воведоа економски санкции кон Москва.
Според Обединетите нации (ОН), оттогаш во Украина се убиени најмалку 364 цивили, а 759 се ранети.
Според Агенцијата на ОН за бегалци, повеќе од 1,7 милиони луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји.
