Втори обид за привремен прекин на огнот во Мариупол да се евакуаира населението засега е неизвесен. Според проруските сепаратисти првите неколку стотици луѓе веќе го напуштиле Мариупол утрово. Овој град кој има 450 илјади жители и каде се наоѓа стратешки важно простаниште веќе е два дена под непрекинат оган. Во градот нема ниту вода, ниту струја, а снемува и храна. Мариупол се наоѓа во близина на фронтовската линија меѓу проруските сепаратисти од Источна Украина и украинската армија. Заземањето на градот би овозможило поврзување на руските трупи со единиците од Крим и Донбас што е стратешки важно за Москва. Во своето последно обраќање претседателот на Украина Зеленски се обрати до рускиот народ со став дека -ако сега молчат и се плашат да протестираат против војната цената ќе ја платите со сиромаштија. Плановите за воен напад на Одеса и евентуалното бомбардирање на овој град Зеленски го оцени како воено злосторство.
„Граѓани на Русија! За вас тоа е борба не само за мир во Украина! Тоа е борба и за вашата земја. За најдоброто што беше во неа. За слободата што ја видовте. Ако молчите сега, само вашата сиромаштија ќе зборува наместо вас. И само репресија ќе и одговори. Не молчи“.Не ја пропуштајте оваа можност. Социјални мрежи, пријатели, познаници, колеги и роднини. Мора да бидете слушнати! Ние, Украинците, сакаме мир!“
Зеленски објави и дека руски ракети целосно го уништиле регионалниот аеродром во Виниција во западно централна украина
Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Ердоган Путин изјавил дека ќе ја прекине воената операција ако украиснката армија го положи оружјето и ги исполни барањата на Москва за демилитаризација и денацификација на Украина
Утрово беше гранатиран пункт за евакуација на цивили кои се обидуваа да побегнат од област западно од Киев.
Според обединетите нации бројот на бегалци од Украина надмина 1,5 милион луѓе а УНХЦР ја оцени како најбрзо растечка бегалска криза во европа по втората светска војна.
Светската здравствена организација потврди и за неколку напади врз болници и амбуланти во Украина. Овие напади врз здравствените установи и здравствени работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се крши меѓународното хуманитарно право алармираат од СЗО кои јавуваат за оштетување на 34 болници од кои неколку се целосно онеспесобени за работа.
Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите на државите да се приклучат кон неговиот план од шест точки како одговор на руската инвазија на Украина, кој предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и нанесување на најголема можна економска штета на Москва.
„Виза“ и „Мастеркард“ објавија дека ќе го прекинат трансакциите во Русија поради инвазијата на земјата врз Украина а картичките издадени во Русија нема да функционираат во странство.
Од друга страна пак Путин како што објавија Риа Новости наредил да се состави список на земји кои воведоа санкционии против Русија. Тој потпишал и декрет со кој привремено им дозволува на руските компании да вршат плаќања во руска валута на доверителите од земјите кои учествуваат во „непријателски активности“ против Руската Федерација.
