Признавање на Крим како руска територија, независност на Доњецк и Луганск и воена неутралност на Украина, загарантирана со уставни измени – Кремљ преку портпаролот Песков ги прецизираше барањата на Русија за прекин на војните дејствија во Украина, во пресрет на новата, трета рунда преговори..
Песков, во изјавата за Ројтерс кажа дека Киев е запознат со овие барања и дека доколку овие услови се исполнат, Москва е подготвена веднаш да прекине со воените дејствија.
-Им беше кажано дека сето тоа може да се прекине за миг. Кога станува збор за неутралноста, Украина треба да усвои амандмани на Уставот според кои Украина би останала воено неутрална и не би се приклучила кон кој било блок. Демилитаризацијата на Украина се приближува кон крајот. Но, главната работа е Украина да ја прекине својата воена акција, а кога ќе го направат тоа, тогаш никој нема да пука. – рече Песков..
Третата рунда преговори се оддржува на истото место како и втората, на белоруско-полската граница, а според информациите во фокусот на разговорите повторно се хуманитарните коридори за кои се договораа и на претходната средба.
По двата неуспешни обиди, во 10 часот по локално време, официјална Москва прогласи прекин на огнот во четири градови – Од Киев единствената рута е кон Гомел, Белорусија, една рута има и од Харков до Белгород во Русија, додека пак по две опции имаат жителите на Суми и Мариупол – да одат во Русија или кон центарот на Украина…
Овој потег, украинските власти го оценија како „целосно неморален“ бидејќи според нив, на овој начин на украинските граѓани не им се дозволува безбедна евакуација во рамки на државата.
-Ова е неприфатлива опција за создавање на безбедносни коридори. Нашите луѓе од Иванкив, Димер, Вишхород и Киев нема да одат во Белорусија за подоцна да летаат во Русија, вели Ирина Верешук – Заменик премиер на Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон кој неколкупати претходно се појави во улога на медијатор, разговарајќи телефонски со Путин, хуманитарните рути ги нарече лицемерни и го осуди како што кажа моралниот и политички цинизам на рускиот претседател.
-Русија повика на формирање на хуманитарни рути кон Русија. Јас не познавам многу Украинци кои сакаат да најдат засолниште таму. Тоа е лицемерно и затоа јас не се согласувам со овој вид на комуникација и организациите кои работат со бегалци како црвениот крст можат да ви кажат дека коридорите не се опција која тие ја преферираат, вели Макрон.
Денешната трета преговарачка рунда, е предвесник за првата средба на високо политичко ниво која е закажана за во четврток во Турција, каде на маргините на економси форум, ќе се сретнар министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба, а посредник ќе биде нивниот турски колега Чавошоглу..
