Главниот град се подготвува за одбрана. Ги замолувам сите Киевчани да останат смирени. Бидете дома или во засолништа кога ќе слушнете аларм. Киев ќе преживее! Ќе се брани со сите сили – рече Кличко во видео пораката на Телеграма.
Тој им порача на Украинците да застанат сите заедно. Тој посочи дека во близина на Киев продолжуваат жестоките борби и дека Русите намерно убиваат цивили и ги уништуваат Хостомел, Ворзел, Ирпин и Буча.
