5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Детали од разговорот Макрон-Вучиќ

На веб-страницата на Елисејската палата, известувањето за разговорот меѓу Макрон и Вучиќ, освен на француски, е објавено и на српски јазик.

– Претседателот на Републиката во саботата, 5 март 2022 година, телефонски разговарал со претседателот на Република Србија, Александар ВУЧИЌ – пишува на веб-страницата на Елисејската палата.

Инаку, Маркон ја пофали блиската соработка меѓу Франција и Србија и јасноста на нејзината позиција во меѓународните инстанци за војната во Украина, како и за неопходноста од почитување на суверенитетот на државите.

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ја поздравил јасната позиција на Белград во меѓународните инстанци за војната во Украина и потребата од почитување на суверенитетот на државите, соопшти денеска Елисејската палата.

Макрон ја истакна блиската соработка меѓу двете земји и потсети на пријателството меѓу Франција и неговата лична поддршка за Србија.

Тој оцени дека војната во Украина бара ЕУ и сите земји блиски до неа, а особено оние кои, како Србија, имаат европска перспектива, заеднички да ги разгледаат начините и средствата за дополнително зајакнување на врските и изградба на заедничка иднина за сите Европејци.

Тој посочи дека војната во Украина треба да биде можност за европско приближување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести