3.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

„Шел“ продолжува да купува нафта и гас од Русија по рекордно ниски цени

Компанијата платила околу 28,50 долари за барел пониско од Dated Brent, репер за физичка трговија со нафта на глобално ниво, преземајќи го товарот од Trafigura Group.

На светските берзи барел сурва нафта се продава за 115 долари . Товарот е купен на основа на испорака, што значи дека Шел нема да треба да го средува транспортот.

„Шел“ продолжува да купува нафта и гас од Русија, изјави во средата лице запознаено со ова прашање

Компанијата е во дискусија со владите и ќе ги почитува сите промени во регулативите, рекло лицето. Во серија вчерашни објави на Твитер, компанијата рече дека купува руски залихи за да ја одржи испораката на гориво до своите клиенти и дека Шел ќе го намали купувањето бидејќи алтернативната сирова нафта ќе стане достапна.

Одлуката е клучен момент за нафтениот пазар. Владите досега не ја забранија руската нафта и гас, претпазливи за порастот на цената што би предизвикал таквиот чекор. Купувањето од страна на Шел, која е исто така еден од најголемите светски трговци со нафта, може да се смета за симболичен чин за остатокот од пазарот.

Трговијата е прва ваква зделка организирана од S&P Global Platts, откако Русија ја нападна Украина. Иако ги нагласува невидените попусти по кои Русија ќе мора да ја продава својата нафта, тоа е и првиот показател дека сè уште ќе најдат некои спремни купувачи во компаниите кои се зависни од суровата нафта од Урал.

Роснефт, рускиот нафтен гигант, се обидува да заврши огромен тендер за продажба на сурова нафта. Компанијата тендерира за продажба на дури 83 милиони барели нафта од април до октомври. Купувањето на Шел не е поврзано со тоа, но исто така ќе даде чувство за цената на руската нафта по инвазијата.

Уралската нафта била достапна за купување со се` поголеми и поголеми попусти на Dated Brent уште од инвазијата и, до вчера, не привлекле понудувачи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести