Разговорот меѓу шефовите на двете земји траел околу еден час, објави турскиот ТВ канал ТРТ Хабер.
Турскиот претседател Таип Ердоган го повикал рускиот колега Владимир Путин да прогласи прекин на огнот во Украина, да отвори хуманитарни коридори и да потпише мировен договор, соопшти неговиот кабинет.
Во соопштението по едночасовниот телефонски разговор, турското претседателство рече дека Ердоган му рекол на Путин дека Турција е подготвена да придонесе за мирно решавање на конфликтот, додавајќи дека тој изјавил дека прекинот на огнот ќе ја намали загриженоста за хуманитарната ситуација.
„Претседателот Ердоган го обнови својот повик „заедно да го отвориме патот за мир“, соопшти неговиот кабинет. Ердоган ја истакнал важноста од преземање итни чекори за постигнување прекин на огнот, отворање хуманитарни коридори и потпишување мировен договор.
Двајцата лидери разговарале и за билатералните врски, се вели во соопштението.
Во разговор со Ердоган, Путин ја потврдил подготвеноста на руската страна за дијалог со украинските власти и странските партнери со цел да се реши конфликтот, се вели во соопштението на Кремљ.
Во разговорите со Путин, Ердоган ја критикувал жестоката кампања на Западот за дискриминација на руската култура и нејзините личности, додаде Кремљ.