Снимателот Ричи Моклер исто така е застрелан двапати во панцирот пред тимот да успее да избега и да се засолни. Тие подоцна биле спасени од украинската полиција.
Целиот тим, вклучително и Доминке ван Херден од Sky News и Мартин Воулс и локалниот продуцент Андриј Литвиненко, сега е безбеден.
Шокантната снимка од инцидентот беше прикажана синоќа на Sky News и можете да ја погледнете на следниот линк.
На снимката се гледа тимот под силен оган додека стакло прска околу нив. Се претпоставува дека нападот го извршиле саботери на руското извидување.
Во писмен извештај за заседата, Ремзи рече дека неговиот тим се упатувал кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден.
Ремзи рече дека тимот мислел дека украинскиот воен контролен пункт може да биде одговорен за пукањето, но нивните панични обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да отвори оган.
„Се сеќавам дека се прашував дали смртта ќе ми биде болна“, рече Ремзи.
Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил застрелан во долниот дел на грбот. Тимот на крајот стигнал до фабричкиот дел, каде што се засолнил. Тие подоцна биле спасени од украинската полиција. Тимот на Sky News сега се врати во Британија, а Литвиненко е во Украина со своето семејство.
„Имавме многу среќа“, рече Ремзи.
„Но, илјадници Украинци умираат, а семејствата се цел на руските одреди на смртта, исто како нас, додека се возевме во семејна кола и бевме нападнати. Оваа војна од ден на ден се влошува“, заклучил тој.
