8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП

Овен

Ако сте во врска:Овој месец ќе ви донесе позитивни промени во врската со партнерот – очекувајте уште повеќе да се зближите и да ги разбудите страстите. Повеќе ќе излегувате и повеќе време ќе поминувате се заедничките пријатели, а можно е да започнете и некои заеднички проекти. Кон средината на месецот можни се мали несогласувања во поглед на новините што сакате да ги воведете во врската, но очекувајте до крајот на месецот да ги решите недоразбирањата.

Ако сте слободни: На почетокот на месецот можно е преку пријатели или преку некои активности да запознаете нова личност што ќе ве привлече со сопствениот магнетизам и силната енергија. Чувствата ќе ви бидат возвратени и ќе се чувствувате како конечно да сте запознале некого што може да ве следи во секој чекор и која има повеќе иницијативи од вас. Можеби ќе му замерувате затоа што поминува повеќе време со пријателите, но при крајот на месецот, најверојатно ќе започнете нова врска.

Бик

Ако сте во врска: Месецот ќе го започнете во хармонична атмосфера и ќе имате чувство дека во целост се разбирате со партнерот за сите заеднички планови и цели. Чувствувате дека комуникацијата ви е подобрена и дека подобро се разбирате. Сепак во втората половина на месецот можни се одредени недоразбирања – за одредени работи за кои што претходно сте биле согласни сега ќе имате сосема спротивставени ставови и тоа ќе донесе поголема напнатост во врската.

Ако сте слободни: Почетокот на месецот ви носи ново познанство со личност за која ќе чувствувате силна привлечност и во која е можно е да се вљубите на прв поглед. Ќе се чувствувате како да сте ја запознале вашата сродна душа. Пред вас се нови искуства на љубовен план и ќе бидете среќни. Сепак кон крајот на месецот можно е да увидите дека меѓу вас има големи разлики што ќе бидат пречка за да ја продолжите емотивната врска.

Близнаци

Ако сте во врска: На почетокот на месецот можно е да заминете на заедничко патување со партнерот каде ќе можете во целост да се посветите еден на друг. Ќе пронајдете некои нови заеднички интереси. Во втората половина од месецот ќе имате повеќе заеднички излегувања и ќе барате активности што ќе ви овозможат да поминувате повеќе време заедно и да бидете исполнети.

Ако сте слободни: На почетокот на месецот ќе запознаете некоја личност што ќе ве исполни со сопствената ведрина, оптимизам и со добриот изглед. Кај вас веднаш ќе се јави заемна привлечност а доколку подолго време контактирате ќе сфатите дека имате слични погледи на живот и слични интереси. Ќе почнете да се гледате, да излегувате и да поминувате многу повеќе време заедно. На почетокот најверојатно само ќе се дружите, а кон крајот на месецот очекувајте да започнете нова врска.

Рак

Ако сте во врска: Очекувајте поголемата страст на почетокот на месецот да ве ослободи од чувството на монотонија во кое сте западнати. Врската со партнерот станува постабилна, а ќе започнете и некои нови заеднички проекти. Во втората половина на месецот можно е да заминете на некое заедничко патување. Можно е да имате некои помали несогласувања во однос на излегувањата со пријателите, но овој месец нема да имате поголеми грижи.

Ако сте слободни: На почетокот на месецот можно е ново познанство со некоја личност што е мошне комуникативна, образувана и полна со иницијатива. Можно е меѓу вас да име привлечност и да се впуштите во романса што ќе резултира со заеднички чувства. И двајцата ќе сакате да влезете во врска, но можно е да поминете некој период на двоумење пред да ја донесете конечната одлука.

Лав

Ако сте во врска: Овој месец со партнерот целосно ќе бидете сконцентрирани на тоа како да го зголемите заедничкиот буџет, а и двајцата ќе имате интересни идеи за тоа. Со заеднички сили ќе успеете да ги остварите замислените цели и ќе се гордеете со тоа. Во втората половина од месецот можни се несогласувања околу некоја заедничка цел, но проблемите ќе ги решите за време на некое кратко патување, каде ќе можете да се опуштите и да ги решите сите недоразбирања.

Ако сте слободни: На почетокот на месецот можно е познанство со некоја личност што е мошне друштвена и што постојано ги следи сите трендови. Можно е да почнете да се гледате и заедно да излегувате, по што ќе се јават заеднички емоции, но нема да бидете сигурни дали сакате да влезете во врска или да останете сингл. Сепак на крајот на месецот најверојатно ќе влезете во посериозна љубовна врска.

Девица

Ако сте во врска: Знаете дека партнерот ви е најголема поддршка и добро ќе се сложувате на почетокот на месецот. Ќе ви годи тоа што ви посветува повеќе внимание и знаете дека неговите чувства се длабоки и искрени. Во втората половина од месецот ќе успеете да исполните некоја голема желба на саканата личност, а можни се повеќе разговори за заедничките цели за кои лесно ќе се договорите.

Ако сте слободни: Пред вас е познанство со некоја нова личност што ќе ве освои со својот оптимизам и добродушноста, а ќе ви посвети повеќе внимание и ќе ви покаже нови видици. Најверојатно ќе се вљубите веднаш и ќе почнете веднаш да се гледате со својата нова симпатија. Во втората половина можно е да откриете дека не сте толку многу слични како што мислевте на почетокот, но тоа нема да ве спречи да се обидете да започнете врска.

Вага

Ако сте во врска: На почетокот на месецот ќе имате повеќе излегувања, забави и активности во кои ќе се обидувате да поминувате што е можно повеќе време со партнерот. Засилените емоции меѓу вас ја прават вашата врска поцврста и ќе почнете да се потпирате еден на друг во тешките мигови. Во втората половина на месецот можни се расправии околу финансиите, а дури кон крајот на месецот ќе постигнете компромис и ќе се посветите на остварувањето на заедничките цели.

Ако сте слободни: На забава/прослава или друг настан ќе запознаете некоја личност што во голема мера ќе се разликува од сите други луѓе што ги познавате. Најверојатно ќе започнете врска без обврски, што ќе ви донесе голем број нови искуства. Особено ќе ви пречи тоа што таа личност си дава премногу слобода во врската, што ќе мора да го надминете доколку сакате таа врска да потрае.

Скорпија

Ако сте во врска: Мотивирани сте да внесете промени во односот со партнерот и да го подобрите заедничкиот простор, а можете да очекувате и подобрување на односите во првата половина од месецот. Втората половина на месецот можни се ненадејни несогласувања со партнерот што ќе ви замери дека повеќе време поминувате со пријателите. Очекувајте нештата да се подобрат при крајот на месецот.

Ако сте слободни: Во првата половина од месецот ќе запознаете нова личност што ќе ве привлече со своите слободни и современи сфаќања, а која ќе ви обрне поголемо внимание. Сепак иако вие сте подготвени за сериозна врска, набрзо ќе сфатите дека новиот партнер не е подготвен за тоа, туку ќе сака да се гледате без обврски. Најверојатно ќе одлучите и покрај тоа да останете со таа личност и да го натерате да посака да влезе во врска. Повозрасните можно е да започнат врска со разведена личност.

Стрелец

Ако сте во врска: На почетокот на месецот можно е да му се доверите на партнерот за некои работи за кои вообичаено молчите, поради што саканата личност ќе добие поголема доверба во вас. Во втората половина од месецот ќе внесете некои новитети во врската, а можно е да направите промени и во животниот простор. Ќе поминувате повеќе време заедно и интуитивно ќе ги чувствувате потребите на саканата личност.

Ако сте слободни: На почетокот на месецот можно е ново познанство со некоја личност со која имате слични мислења и ставови и со која ќе можете да говорите на голем број теми. Во втората половина на месецот можно е тоа пријателство да прерасне во сериозна љубовна врска што ќе ве прави исполнети. Повозрасните можно е да влезат во некоја краткотрајна авантура.

Јарец

Ако сте во врска: Тоа што ќе настапувате со повеќе внимание кон партнерот и ќе имате повеќе доверба во него само ќе ви помогне повеќе да ја зацврстите врската. Во втората половина на март ќе имате повеќе време за интимни моменти со саканата личност и лесно и брзо ќе се договарате и ќе ги исполнувате сопствените ветувања.

Ако сте слободни: Слободните јарци месецов најверојатно ќе запознаат некоја личност што ќе ги привлече со својата оригиналност, идеите и ставовите и која се разликува од голем број луѓе што ги познаваат. Иако чувствата ќе бидат обострани, најверојатно за кратко време ќе станете блиски пријатели, но нема да започнете сериозна емотивна врска, туку ќе останете во врска без обврска.

Водолија

Ако сте во врска: Овој месец ќе сакате да внесете нешто ново во просторот што го делите со партнерот, па ќе почнете некои заеднички проекти што ќе ви овозможат да поминувате повеќе време заедно. Во втората половина од месецот ќе успеете да исполните некоја голема желба на партнерот што ќе ви донесе поголема блискост и доверба во врската.

Ако сте слободни: Подолго време со некоја личност се гледате во тајност и ќе посакате врската да стане официјална. Најверојатно кон средината на месецот желбата ќе ви се исполни. Сепак оваа врска може да ви донесе проблеми затоа што партнерот, најверојатно претходно ќе треба да прекине некоја друга врска заради вас и ќе бидете осудувани од околината заради тоа.

Риби

Ако сте во врска: Во првата половина од месецот ќе поминувате повеќе време со партнерот и тоа ќе ви донесе подобро разбирање и поголема доверба. Партнерот ќе почне повеќе да се потпира на вас. Во втората половина од месецот ќе имате повеќе сериозни разговори за идните планови и двајцата ќе бидете посветени на подобрување на меѓусебните односи во врската.

Ако сте слободни: Март ќе ви донесе врска со некоја повозрасна личност. Многу веројатно е да имате некоја афера или тајна врска, но ќе имате чувство дека сте ја запознале сопствената сродна душа и можно е стапување и во посериозна врска. Повозрасните претставници на знакот ќе запознаат некоја личност што ќе им посвети поголемо внимание и во која ќе имаат голема доверба, а подоцна тие чувства ќе се развијат во љубов.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести