Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија ќе плати за нападот врз Украина.
„Ова е војна на Путин, која тој ја избра, планирана против мирна земја“, рече тој.
„Го повикуваме Путин веднаш да ја прекине оваа војна, да ги повлече сите свои војници од Украина без исклучок и да се вклучи во дипломатски активности“, рече тој.
Тој додаде дека НАТО не е дел од овој конфликт и работи на тоа конфликтот да не ескалира со уште повеќе жртви.
„НАТО не бара војна со Русија“, рече тој, истакнувајќи дека членките на Северноатлантската алијанса испратиле свои војници во источниот дел на блокот.
Тој рече дека „руската инвазија“ е страшна и дека се плаши дека ситуацијата во Украина ќе се влоши во следните два дена – ќе има повеќе мртви и повредени, повеќе разурнувања.
„Постојат лекции што можеме да ги научиме од овој конфликт“, рече тој, „а тоа е да ги заштитиме нашите нации“.
„НАТО е пообединет од кога било“, рече тој, додавајќи дека денеска е одлучено да се зајакне координацијата со ЕУ, а на состаноците ќе учествуваат Финска и Шведска.
Столтенберг рече дека НАТО им помогна на Босна и Херцеговина и Грузија кога беше потребно, да ги зајакнат воено, и го поздрави фактот што Алијансата ја зајакна воената сила на Украина во претходните години.
Столтенберг рече дека видел оти Русија се обидува да ја зајакне својата моќ со диверзии во домашните политички процеси и рече дека Русија извршила инвазија.
Тој ја гледа и опасноста од влијанието на Русија во Босна и Херцеговина.
Тој рече дека војната е опасна, како и војната во околината на нуклеарните централи.
„Има и потенцијална нуклеарна опасност“, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање за конфликтот во нуклеарната централа што се случи синоќа.
Столтенберг рече дека членките на НАТО, особено САД, Велика Британија и Канада, ја зајакнуваат украинската армија и дека тоа е клучно, бидејќи тие луѓе сега се борат.
„Гледаме луѓе кои страдаат, би сакал да ја пофалам храброста на украинскиот народ, затоа ја зајакнуваме нашата поддршка и зошто членките на НАТО ги применија најсилните санкции што некогаш биле применети и ги ангажираа своите војници“, рече тој.
„Би било уште полошо ако конфликтот ескалира надвор од границите на Украина, па рековме дека нема да влеземе во земјата или во воздушниот простор на Украина“, рече Столтенберг.
Столтенберг рече дека го разбира барањето на Украина за затворање на воздушниот простор над таа земја.
„Го разбираме разочарувањето, но ако го направиме тоа, знаеме дека ќе ескалира во војна низ Европа“, рече тој.
