6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Ердоган побара итен прекин на огнот меѓу Украина и Русија

Членката на НАТО, Турција, дели поморска граница со Украина и Русија и има добри врски со двете земји. Според пактот од 1936 година, Анкара вчера соопшти дека ги затвора своите теснеци на Црното Море за време на руската инвазија на Украина, ограничувајќи го минувањето на некои руски бродови од Средоземното Море.

Запрашан за кандидатурата на Украина за членство во Европската унија на прес-конференцијата во Анкара, Ердоган рече дека Турција, со децении е кандидат за ЕУ и ќе го поддржи секое проширување на НАТО и ЕУ.

Ердоган го повика блокот да ја покаже „истата чувствителност“ што ја покажа за кандидатурата за членство на Киев за апликацијата на Турција, и ги критикуваше земјите-членки дека не се „искрени“. „Ќе ја ставите ли Турција на вашата агенда кога некој ќе не нападне и нас?“ рече Ердоган.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести