13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Косово бара итен прием во НАТО

Соединетите држави во моментов имаат 635 војници на Косово кои работат на одржување на кревкиот мир како дел од мировната мисија на НАТО, објави Косова прес.

„Забрзувањето на процесот на пристапување на Косово во НАТО и постојаната американска база се итно потребни за да се гарантира мирот, безбедноста и стабилноста на Западен Балкан“, порача косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај на Фејсбук.

Косово им се придружи на другите западни земји во воведувањето санкции кон Русија поради нападот на Путин врз Украина. Мехај рече дека владата на Косово е подготвена да помогне „за секоја воена операција во Украина доколку Вашингтон тоа го побара од нас“.

Да потсетиме, независноста на Косово ја признаа повеќе од 110 земји, главно западни. Србија не го направи тоа, исто како и Русија. Меѓу земјите кои одбиваат да ја признаат независноста на Косово се и четири членки на НАТО. Поради руските приговори, Косово сè уште не е членка на ОН.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести