8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Европскиот совет повика на итна подготовка и усвојување на натамошен пакет санкции што ќе ја вклучи Русија

Вчера Европскиот совет повика на итна подготовка и усвојување на натамошен пакет санкции што ќе ја вклучи Русија.

Лидерите на Европската унија се договорија за дополнителни рестриктивни мерки кои ќе имаат огромни и тешки последици за Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Претходно во четвртокот, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, го нарече овој пакет „најстрогите мерки досега воведени“.

Само што беше објавено дека Советот на Европската комисија го усвои вториот пакет санкции против Русија, санкционирани се и Путин и Лавров!

ЕУ е насочена кон рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров со лични санкции, објави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

„Претседателот Путин и министерот за надворешни работи Лавров се на списокот на санкционирани лица заедно со преостанатите пратеници во Думата (рускиот парламент) кои ја поддржуваат оваа агресија“, изјави Борел за новинарите.

„Дозволете ми да истакнам дека единствените лидери во светот кои се санкционирани од Европската унија се Асад од Сирија, Лукашенко од Белорусија и сега Путин од Русија“, додаде првиот човек на ЕУ.

Борел рече дека третата рунда санкции против Русија не е неизбежна, но може да биде преземена доколку е потребно.

Што рекоа министрите за надворешни работи на ЕУ за време на разговорите за санкциите?

Министрите за надворешни работи на блокот се собраа во Брисел за да разговараат за последниот пакет санкции против Москва додека руската инвазија на Украина продолжува.

„Мислам дека сме многу блиску до договор, дека овде ќе најдеме договор за санкции“ за Путин и Лавров, изјави претходно министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести