Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека „оваа агресивна војна на Русија“ претставува пресвртница во историјата на Европа.
„Нема оправдување за ова бесрамно кршење на меѓународното право и јас силно го осудувам“, рече Меркел.
Таа рече дека во овој момент сочувствува со украинскиот народ и неговото раководство. „Моите мисли и солидарност во овие страшни моменти се со украинскиот народ и владата на претседателот Володимир Зеленски“, рече поранешниот германски канцелар.
