На прашањето што ја привлекувало кај 50-годишниот Маск, Наташа одговорила – неговиот ум.

Австралиската актерка беше снимена минатата недела како се симнува од приватниот авион на Маск во Лос Анџелес, а неговите пријатели потврдиле за медиумите дека се во врска набргу по неговото раскинување со пејачката Грајмс.
“Наташа веќе некое време се гледа со Илон. Прво беа пријатели, а по неговото раскинување со Грајмс впловија во романтична врска. Таа е убава и можеше да биде со секој маж, но Илон ја обожава бидејќи е толку паметна и интересна”. рекоа тие.

Актерката оваа година ќе се појави во филмот Елвис, во кој ја толкува улогата на неговата прва девојка Дикси Лок.
Маск раскина со Грајмс пред пет месеци, а имаат едногодишен син на кого му дадоа име X AE A-Xii. Покрај тоа, тој има пет сина од првиот брак со писателката Џастин Маск. Потоа се ожени двапати и двапати се разведе од актерката Талула Рајли.
„Наташа работи напорно за да ја изгради својата кариера и иако сега не му пречи да биде познат по нивната врска, таа ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојка на Илон Маск“, велат пријателите.
Форбс неодамна го прогласи за најбогат човек на светот, а неговото богатство се проценува на 233,6 милијарди долари.
