Но нагласи дека украинските коридори се уште се отворени, а воздушниот сообраќај е безбеден.
Германската Луфтханза објави дека денеска ќе ги откаже летовите за Украина, приклучувајќи се на КЛМ, која веќе ги прекина летовите. Скандинавските и американските исто така ги прекинаа неделните летови, а Ер Франс одлучи утре да ги откаже летовите меѓу Париз и Киев од претпазливост.
„Ова откажување на летовите на голем број странски авиокомпании диктира само информативно влошување на ситуацијата, а не реални промени во безбедноста на летовите“, изјави министерот Олександар Кубраков.
Тој не ги именувал компаниите за кои станува збор, но рече дека „државата работи на замена на откажаните летови“. Според министерот, Украина Интернешнл Ерлајнс (УИА) веќе ја отвориле продажбата на билети и го зголемиле бројот на летови од Киев до Минхен и Женева, кои повеќе не се покриваат од Луфтханза.
Две украински авиокомпании минатата недела објавија дека имаат проблем да организираат осигурување за некои од нивните летови, откако САД предупредија дека Русија може да ја нападне Украина во секое време. Најголемата украинска компанија соопшти дека нејзините осигурителни компании го укинале осигурувањето за некои авиони кои работат во земјата,
