Претседателот Вучиќ треба да се сретне со принцот Алберт Втори од Монако, а претходно разговарал и со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Претседателот на Србија и се обрати на нацијата од Монако.
Вучиќ го започнал обраќањето со светски актуелната тема – кризата во Украина.
„Загрижен сум. Нашата позиција не е лесна.
„Политичките притисоци врз Србија поради одлуката на Путин ќе се зголемат. Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови. Ни претстои тежок период за Србија.
„И политичката и безбедносната структура на светот се урива. Сè што знаевме до вчера веќе не важи. Нашата посветеност на мирот мора да биде цврста и силна.
„Луѓето мислат дека мирот се зема здраво за готово. Гледате денес дека мирот во светот не е нешто што се зема здраво за готово, рече Вучиќ во обраќањето, пренесува Курир.
