Водачите во Доњецк и Луганск ги повикаа резервистите во воените канцеларии, а нивните стравувања велат дека се поради непосредна закана од агресија од украинските сили.
-Се обраќам на сите мажи во земјата кои се способни да држат оружје во рака, да застанат во заштита на своите семејства, своите деца, жени и мајки. Со заеднички напори да го добиеме посакуваното и неопходното за победа. Да го заштитиме Донбас и целиот руски народ, вели Денис Пушилин – лидер на сепаратистите во Доњецк.
Цивилите пак, продолжуваат да се евакуираат…
Дека има провокации тврдат и од двете страни. Украинската армија објави дека еден нивни војник во ракетен напад е убиен од сепаратистите кои се поддржани од Москва, а дополнително било повеќепати прекршено примирјето од договорот од Минск- повеќе од 20 населени места биле нападнати со тешка артилерија..
Обвинувањата продолжуваат и за тоа кој е виновен за експлозиите и гранатирањата. Меѓународниот нафтовод во Луганск експлодираше, но иако не е позната причината, Русија прстот го впери во украинската војска…
И покрај тоа што официјална Москва уверува дека нема намера за напад, американскиот претседател Џо Бајден рчее дека е уверен дека Путин веќе ја донел одлуката за инвазија. Предупредувачки пораки кон Москва и денеска уаптија западните сојузници од Минхенската безбедносна конференција, на која Украина е централна тема..
-Ова се опасни денови за Европа. Русија немилосрдно поставува трупи околу Украина, во најголемото воено трупање по Студената војна. Ние не знаеме што ќе се случи, но ризикот за конфликт е реален, вели Јенс Столтенберг – генерален секретар на НАТО.
-Ако Русија ја нападне Украина, Соединетите држави заедно со сојузниците ќе наметнат значајни и невидени економски трошоци (за Русија), Камала Харис – потпретседател на САД.
Во Минхен нема претставници на Русија, а присутен е украинскиот претседател Зеленски.. Нов обид за смирување на тензиите, ќе направи Макрон, кој според најавите утре телефонски ќе разговара со Путин.
