Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство објави дека следи и истражува нова варијанта. Варијантата е откриена во Велика Британија, се вели во извештајот на агенцијата.
Конкретни детали за варијантата се уште не се објавени и не се знае колку случаи досега се откриени. Новата варијанта, позната и како делтакрон, досега не е идентификувана како варијанта што предизвикува загриженост.
Загриженоста за варијантата делтакрон првпат се појавила на почетокот на оваа година кога кипарски научник објави дека открил варијанта на делтакрон. Подоцна било откриено дека заклучокот бил погрешен. Британската варијанта не е поврзана со она што се случило на Кипар.
